02 Декември, 2024
0.0260

Контрола врз животните за поздрав живот на граѓаните

Објавено во: Агробизнис 14 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Подобра контрола на болестите кај животните за поздрав живот на граѓаните, беше целта на двегодишниот проект што официјално заврши овој месец, а го спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство со поддршка на ИПА 2008. Проектот овозможи значително јакнење на капацитетите на ветеринарната служба за имплементација на европската регулатива. За оваа намена беа потрошени вкупно 1,9 милиони евра. Но, како што беше речено на денешната финална презентација, ЕУ обезбеди и дополнителни 940.000 евра за набавка на вакцини против беснило. - Натамошно транспонирање на европското законодавство, подигнување на нивото на знаењето, вештините и капацитетите на официјалните ветеринари, инспекторите за храна, докторите, ветеринарите, ловџиите и другите лица преку организирање соодветни обуки, воспоставување соодветен систем за мониторинг и известување кој ќе обезбедува веродостојни податоци за состојбата со болестите кај животните во земјава, се само дел од постигнатите резултати, рече директорот на Агенцијата Дејан Рунтевски.
Според Рунтевски, изготвени се повеќегодишен национален контролен план и стратегија за нус-производи од животинско потекло која вклучува предлог решение за нештетно отстранување на отпадот од животинско потекло. - Проектот кој со поддршка на ЕУ го реализираше Агенцијата за храна и ветеринарство во изминативе 28 месеци, имаше за цел обезбедување поддршка за подобрување на целокупниот капацитет за имплементација на законодавството и политиките на ЕУ, за соодветно и ефективно спроведување на официјалните контроли, контролата на болести кај животните, отстранување на отпадот од животинско потекло и проширување на системот за идентификација и регистрација и за свињите и домашните миленици, истакна Мартин Клаук од делегација на ЕУ. Главни придобивки од реализацијата на овој проект, посочија Рунтевски и Клаук, се создавањето услови за поголема заштита на здравјето и благосостојбата на луѓето преку обезбедување подобра здравствена заштита на животните вклучително и на домашните миленици и кучињата скитници, подигање на свеста за нужноста за натамошно зголемување на безбедноста на храната, зголемување на довербата кај потрошувачите и на конкурентноста на производите од животинско потекло, на домашниот и на странските пазари со крајна цел зголемување на извозот, како и обезбедување конкретна поддршка за фармерите.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.