Контролни маркички на брашното
Објавено во: Агробизнис 01 Октомври, 2013 14:27
Брашното кое од денеска се става во промет мора да има контролна маркичка која ќе биде поставена на видно место. Маркичката треба да биде читлива и прицврстена или трајно втисната на пакувањето.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска информира дека компаниите се должни пред да го пуштат брашното во продажба да го означат секое пакување со контролна маркичка.
- Согласно Законот за квалитетот на земјоделските производи, брашното може да се стави во промет означено со контролна марка и да ги исполнува условите за промет и квалитет утврдени со овој закон. Исто така операторот со брашно е должен пред ставање во промет на брашното на пазар, секое пакување да го означи со контролна марка на видливо место. Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отварањето на пакувањето, ознаките видливо и трајно се оштетуваат, наведуваат од Министерството.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





