Контроверзна изјава на Несторовиќ за маските, тврди дека не штитат
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 13 Октомври, 2020
Маските не се никаква заштита, 85 отсто од луѓето ги носеле па пак се заразиле.
Oва го тврди д-р Бранимир Несторовиќ од Србија. Тој се повикува на истражување кое покажало дека маските не се ефикасни.
Несторовиќ, кој како што кажа го напушти Кризниот штаб на Србија затоа што му здосади „да биде црна овца“, го откри истражувањето на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), што е Национален институт за јавно здравје на САД, кој наведува дека носењето маски е непотребно за сузбивање на ширењето на коронавирусот.
„Студија на ЦДЦ, во која беа испитани симптоматски пациенти со Ковид-19, покажа дека 70,6% од испитаниците изјавиле дека „секогаш“ носат маска, додека дополнителни 14,4% велат дека „често“ носат маска. Ова значи дека огромни 85% од заразените пациенти пријавиле редовно носење маски! Само 3,9% од заразените рекле дека „никогаш“ не носат прекривка на лице“, се наведува во текстот на кој се повикувал самиот д-р Несторовиќ.
Студијата покажа дека десетици илјади Американци се заразуваат со корона секој ден и покрај тоа што носат маски.
Сепак кај нас и во регионот, носењето маски е задолжително, а за непочитување на мерката следат парични казни.
Во последните 24 часа во Србија има 152 позитивни, додека 2 лица починале. На респиратори се приклучени 22 пациенти. Досега од вирусот починале вкупно 767 луѓе во Србија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.