20 Декември, 2025
0.0498

Конзулите ги нудат своите автомобили и возачи, само Бујар Османи да заштеди милион евра на тендер

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2023 13:29

Добивај вести на Viber

Педесетина почесни конзули во Македонија се подготвени да ги позајмат своите дипломатски возила за потребите на Министерството за надворешни работи (МНР) за време на самитот на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје.

Агенција за изнајмување на автомобили ќе наплати 920.000 евра за овој настан кој го организира Македонија, чиј министер за надворешни работи Бујар Османи е претседавач со ОБСЕ.

Еден од почесните конзули во Македонија во изјава за порталот МКД вели дека сите негови колеги се подготвени на еден ваков чекор и тоа би го направиле заедно со нивните возачи кои во тој период би биле на располагање за потребите на МНР.

– Би ги дале нашите возила кои се и полуксузни и порепрезентативни од оние што ќе се добијат од рента-кар агенцијата. Нашите возила се со дипломатски регистерски таблички, а на располагање би ги ставиле и нашите возачи. Освен тоа, секоја амбасада во Македонија секогаш ги опслужува своите министри кои ќе бидат на самитот. Значи има конструкција – изјавил конзулот кој инсистирал да остане анонимен.

„АБЦ рента кар турс“ е предвидено да отстапи 35 ВИП патнички возила за осум дена. Според пресметките на некои медиуми, плаќањето не само што нема да биде поевтина поради поголемиот број на возила, туку услугата ќе биде надплатена.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во јануари говорејќи за ова рече дека една од тешкотиите е како да се најдат ВИП-возила за министрите кои ќе дојдат на завршната конференција во Скопје. 

„Најголемата ставка ќе биде министерскиот состанок, со што трошоците тука ќе зависат од тоа како ќе се среди просторот и во однос на возилата. На пример, засега е многу тешко да најдеме 70 возила што ги исполнуваат стандардите. Бараме начини како да најдеме спонзори по однос на возилата за да немаме трошоци. Некои трошоци ќе зависат од тоа дали ќе најдеме спонзори или не, меѓутоа ќе бидеме транспарентни во текот на целата година во однос на трошоците“, изјави Османи кој претходно спомена и опција да се позајмат возила од земјите од регионот

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки