Кој е новиот привремен градоначалник на Дебар?
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2018 13:00
По смртта на градоначалникот на Дебар, Ружди Љата, оваа функција моментно ја извршува Хекуран Дука, советник од редовите на Демократската унија за интеграција.
Дука, лекар специјалист-уролог во Општата болница во Дебар и до сега го заменуваше градоначалникот во негово отсуство.
-Според законот Владата на Република Македонија треба да одржи седница на која ќе ја констатира состојбата,по што Советот на општината со мнозинство гласови треба да избере вршител на должноста градоначалник. Во рок од шест месеци треба да бидат спроведени избори за нов градоначалник,изјави за МИА, Или Мирзо,секретар на општина Дебар.
Ружди Љата,кому ова му беше втор градоначалнички мандат, по кусо и тешко боледување, почина на 24 ноември, на 65-годишна возраст.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




