Добивај вести на Viber
Динамиката и деблокирањето на донесувањето на буџетот на Македонија за идната година ќе бидат главните теми кои ќе се разгледуваат на денешната Координативна средба која ја закажа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Средбата е свикана поради вчерашниот инцидент во Собранието и блокирањето на работењето на Комисиите, надлежни за донесувањето на Буџетот за 2013 година.
На Координативната средба, покрај потпреседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи ги повикав и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов, претседателката на Законодавно - правната комисија Благородна Дулиќ и министерот за финансии.