05 Декември, 2025
0.0328

Координативно тело за заштита и подобрување на животната средина

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2013 13:55

Добивај вести на Viber

Министерството за животна средина и просторно планирање и околу 50 еколошки граѓански организации формираа Координативно тело за соработка и дијалог за заштита и подобрување на состојбата со животната средина во Македонија.

Координативното тело ќе работи на заеднички мониторинг и анализи на јавните политики за животна средина, размена на идеи и ставови за подобрување на законската регулатива во повеќе сектори, како што се одржлив развој и инвестиции во животната средина, ЕУ интеграција и законска регулатива, климатски промени, обновливи извори на енергија, вода, воздух, бучава, биодиверзитет, отпад, ИПА,...

Концептот на работа на Координативното тело, според ресорниот министер Адбулаќим Адеми, предвидува по 10 претставници од невладиниот сектор, осум од Министерството за животна средина, еден од делегацијата на Европската унија во Македонија и независни експерти од одредени области.

- Координативното тело ќе ја подобри нашата заемна комуникација и ќе работи на заедничко унапредување на состојбата со животната средина, подигање на јавната свест кај населението и подобрување на информираноста, како и за размена на заеднички иницијативи и идеји меѓу сите заинтересирани страни, рече Адеми.

Идејата за формирање вакво тело произлегла од редовните средби на Министерството со невладините органзиации, а се договориле на деветата годишна средба, која во декември минатата година се одржа во Струга.

Министерот Адеми и претседателот на македонски Зелен Центар и Методија Саздов потпиша и договор за соработка со невладините организации што работат на полето на животната средина.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност