25 Април, 2024
0.0265

Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Мерење на задоволството на клиентите преку софистициран софтвер

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција.

Исклучителното корисничко искуство ја опфаќа и човечката интеракција. Ние веруваме дека софтверите,напредните технички решенија и апликации кои ги имаме се одлични, но сепак ништо не може да ја замени искреноста на насмевката, пријатниот глас и вниманието на човечко битие.

Дали искреноста на насмевката, пријатниот глас и вниманието на нашите советници за клиенти ги исполнуваат или надминуваат очекувањата на нашите клиенти?

Нашите клиенти го имаат за ова главниот збор. Потребно ни е нивно мислење, оценка, коментари.  Од наша страна секојдневно ги евидентираме сите интеракции на сите канали преку кои контактираме со нив. За оценување на интеракциите со нас и утврдување од што се задоволни или незадоволни клиентите потребни ни се повратни информации од нив, за што користиме напредна алатка на софтверот Алтерна, за управување со корисничкото искуство базирана на вештачка интелигенција.

Алатката која е поврзана со нашите софтвери и апликацијата Мој Иуте има инкорпорирана метриката на Net Promoter Score (NPS) односно Индекс за искуство на клиенти, кој е “златен стандард” за мерење на задоволство на клиенти и нивната лојалност кон компанијата. Клиентите се контактираат и индивидуално преку анкетите даваат оценки и коментари за искуството кое го имаат со нас за конкретна интеракција.

Од особено значење за целиот процес е и високата респонсивност од нашите клиенти што ни е показател дека имаме здрава и искрена релација.

Со помош на алатката, податоците од анкетите се собираат, се анализираат во различните фази на клиентско искуство на комуникациските точки и интеракции како што се повици, веб, експозитури, Мој Иуте апликацијата, како и на ниво на секој Советник за клиент и се пресметува NPS индексот.

NPS индексот е нумерички и се пресметува како генерален индекс, индекс за експозитура, за Советник за клиенти, канал на комуникација, по ден, недела, месец, квартал или година.  

Нашиот генерален NPS индекс за 2022 е 83.9, додека просекот на финансискиот сектор е 44.

Искрено сме им благодарни на сите 21.000 клиенти кои не оценија и ни напишаа коментари за да не пофалат генерално, да го искоментираат процесот на одобрување на кредит, дадена информација, или пак да пофалат одреден Советник за клиент или експозитура, но секако и да ни дадат ниска оценка, критика или да се пожалат.  

Перцепцијата на клиентите за Иуте Кредит како бренд оди подалеку од задоволството на клиентите. Преку алатката за NPS, која користи техники за машинско учење и обработка на природни јазици (NLP), преку вештачка интелегенција (AI) ги анализира квалитативните повратни информации од клиентите и ги мери чувствата и сентиментот на сите дадени коментари во разните интеракции. Natural Language Processing (NLP) - процесирање на природен јазик, е интердисциплинарна област која комбинира лингвистика, компјутерска наука, и вештачка интелегенција (AI).

Обработката на природниот јазик ги доловува чувствата зависно од контекстот и може да открие позитивност, неутралност, сарказам, негативност или иронијаи истите да ги класифицира во позитивна, неутрална или негативна поларност.


Негативната поларност е дополнително усовршена и за истата системот алармира за превземање активност, која во нашиот случај значи контактирање на клиентите со повик од страна на Советниците за клиенти за да добиеме повеќе детали и да дадеме појаснување.

Ваквите квалитативни податоци од клиентите ни овозможуваат да го разбереме расположението на јавноста, како и брзо да ги идентификуваме претходно непознатите области на незадоволство и секако задоволство, кои секако значително влијаат врз деловнитерезултати.

Горди сме што во сите земји на присутност на Иуте Кредит сме единствени во финансискиот сектор (финансиски друштва и банки) со ваков напреден пристап кон клиентите.

Голема благодарност до нашите клиенти за искрените оценки и коментари, и секако на професионалниот тим на Одделот за корисничко искуство за постигнатиот висок индекс на NPS и посветеноста кон клиентите.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка