Koрона кризата не им може ништо на овие економии...
Објавено во: Економија, Корона Вирус 16 Ноември, 2020
Корона кризата нема да има големо влијание на некои економии.
Кинеската економија сепак нема да претрпи голем удар.
Таа има проценет раст на реалниот БДП од 1,9 отсто во текот на кризата предизвикана од коронавирусот.
Отпорноста на кинеската економија на кризи ќе остави позитивно влијание и врз Виетнам и Бангладеш.
Раст ќе има и економијата на Гвинеја, каде кинеската побарувачка за рударски производи ќе ѝ овозможи раст, пренесува fDi Intelligence.
Кина ги воведе најстрогите мерки за безбедност во светот, што предизвика голем пад на економската активност, но тие мерки помогнаа да се сузбие пандемијата, за да може населението да се врати во нормала, а потоа растеа и побарувачката и понудата.
Аналитичарите очекуваат Виетнам да достигне 1,9 отсто раст за оваа година, а за следната проекциите се на ниво од 6,7 отсто. За Бангладеш се предвидува раст од 3,8 отсто, додека за следната година се очекува скок од 4,4 отсто.
Гвајана оваа година се очекува да има најголем раст на БДП од 26 отсто.
Сепак, се смета дека таквиот раст не е одржлив за таа јужноамериканска земја, а за следната година се прогнозира пад.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува вредноста на глобалниот бруто домашен производ (БДП) да падне за 4,4 отсто поради пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.