05 Декември, 2025
0.2406

„КОРОНА ПОЗДРАВ“ МЕЃУ ПРЕМИЕРОТ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ - Дебар го преброди најтешкото

Објавено во: Македонија 14 Април, 2020 13:14

Добивај вести на Viber

„Наоружан“ со маски владиниот тим пристигна во Дебар. Наместо ракување, премиерот Оливер Спасовски со дебарскиот градоначалник Хекуран Дука го имаше типичниот „корона поздрав“, односно допирање со лактите.

Спасовски е задоволен што Дебар го преброди најтешкиот дел од кризата, иако таа уште не е завршена.

„Дебар и Центар Жупа го поминаа најтешкото. Далеку е од тоа дека кризата е завршена, но посебните мерки што ги опфаќаше кризната состојба и целосната изолација на овие општини, ги дадоа резултатите. Кризната состојба во овие две општини ја прогласуваме за завршена“, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.

Во овие две општини во последните 10 дена нема нови случеви на заразени лица со коронавирус. Ова дава за право да се каже дека изолацијата и физичката дистанца даваат резултати.

„Примерот на граѓаните на Дебар и на Центар Жупа охрабрува и ни влева надеж дека многу бргу, со дисциплина и висока граѓанска свест ќе го вратиме животот и нашето секојдневие во рамките на нормалата“, пишува Спасовски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“