KOРОНА ВО СВЕТОТ: САД со најмногу заразени, но има и земји со само неколку позитивни
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Јуни, 2020
Бројот на заразени од коронавирусот во светот се искачи на 10,089,983.
САД води со бројот на заразени. Тие се на прво место со 2,596,770 случаи на инфицирани од Ковид -19.
1,315,941 заразени има во Бразил, а трета земја е Русија со 627,646 заболени.
529,889 регистрирани случаи има Индија, а Британија е зад неа со 310,250 инфицирани.
295,549 потврдени има Шпанија, а Перу има 275,989 позитивни.
Чиле е подолу на листата со 267,766 заразени, а по неа следи Италија со нешто над 240.000 позитивни на коронавирусот.
Од друга страна, Папуа Нова Гвинеја има само 11 случаи, Гренланд има 13, Ватикан 12, Британските Девствени Острови само 8 заразени.