КОРОНАТА ИМ ГИ ПОМАТИ СМЕТКИТЕ: Земјоделците на интернет ги нудат своите раноградинарски производи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Април, 2020
Многу земјоделци поради ограниченото движење на граѓаните, и попреченото функционирање на пазарите, своите раноградинарски производи ги нудат за продажба на интернет, со достава до домовите на потрошувачите.
Ваква е состојбата откако почна да се шири коронавирусот. Луѓето се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат.
Maрјан Спасовски од Куманово кој има два декари земјиште под пластеник, објаснува дека има голема побарувачка за овошје и зеленчук, но како што додава потребни се повеќе луѓе да се ангажираат за достава.
„Побарувачката е многу голема, а ние не можеме да постигнеме затоа што сме двајца возрасни со две деца. Лесно е да се продаде, но тешко е да се произведе. Ова ни е семеен бизнис, работиме со семејството. Многу е напорно, ова е нешто ново за нас. Во еден ден имавме 200 повици, а тие што купија се задоволни и пак се јавуваат. Дојдовме на идеја за ваква работа затоа што пазарот го затворија, а купувачите бараат роба, и почнавме со онлајн достава за да им излеземе во пресрет на луѓето. Доставата е бесплатна, а цените се реални. Луѓето бараат зеленчук и овошје, марули, рукола, целер, тиквици“, вели Спасовски.
Сепак, Ристо Велков, претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот регион, вели дека годината ќе биде катастрофална ако вака продолжи и продавањето мали количини производи на интернет не е решение.
„Сега се продава зелка, краставици, марула и ако некој ги нуди на интернет, во ред, но колку ќе продаде и дали тоа ќе функционира? Сепак тоа не е решение. Земјоделците се многу разочарани. Цената на зелката е многу ниска, 5 денари, и тоа е половина од производната цена. Оваа година земјоделците ќе бидат во загуба, ќар ќе имаат трговците, но и тие потоа ќе загубат затоа што ќе се намалуваат површините“, вели Велков.
Не знае што ќе се случува кога ќе треба да се продаваат доматите и пиперките, дали ќе има пласман, дали коронакризата ќе трае, дали пазарите ќе работат.
Тој смета дека како што имаше мерки за стопанството, така требаше да се донесат и мерки со кои ќе биде обештетен и земјоделецот.
Според Велков, земјоделците сега се оставени сами да се снаоѓаат.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.