Короната прави пустош и во здравството! Kаде удри најсилно?
Објавено во: Економија 19 Октомври, 2020
Бањскиот здравствен-рехабилитациски систем е со сериозна финансиска неизвесност. Корона вирусот удри силно на оваа дејност и ќе треба многу време за опоравување доколку се создадат услови тие компании повторно да добијат прилика да ги нудат своите услуги и третмани на болни лица. Податоците за „Дебарски бањи – Цапа“ покажуваат дека короната во вториот квартал удрила немилосрдно, а загубата на ова друштво заклучно со септември е 727.000 евра.
Бањските центри за рехабилитација се силно погодени од ограничувањата и застојот во работењето кои ги наметна пандемијата со корона вирусот. Домашните бањски центри оваа година треба да ја преживеат - а тие знаат како ќе успеат да го изведат тоа.
За да се добие појасна слика за оваа важна здравствена дејност за рехабилитација на лица со широк спектар дијагнози (особено на скелетниот систем како и на нервниот систем) ќе ги анализираме финансиските резултати на „Дебарски бањи Цапа“ една од трите реномирани домашни приватни бањски центри.
Во првите девет месеци годинава „Дебарски бањи“ има загуба од 450.000 евра и тоа на остварени приходи кои изнесуваат 727.000 евра. Оперативните расходи на ова друштво за првите девет месеци годинава изнесуваат 1,28 милиони евра и се за дури 32 отсто пониски од претходната година. „Дебарски бањи“ во првите девет месеци годинава има пад на приходите од 66 отсто во споредба со истиот период лани. Пресуден е трошокот за вработените затоа што во периодот кога друштвото не остварува приходи од дејноста дели плати на своите вработени. Само за споредба: од оперативните расходи кои за девет месеци изнесуваат 1,28 милиони евра трошоците за вработените во друштвото изнесуваат 864.000 евра. Тие се најголема расходната ставка и покрај тоа што во споредба со истиот период лани, кога друштвото работело со редовен режим на работа, се пониски за 16 отсто.
Дупката е направена во вториот квартал
Очекувано пресудно е негативното влијание од вториот квартал врз финансискиот резултат на друштвото. Во периодот април – јуни , кога имаше вонредна состојба и важеше карантин и полициски час, друштвото генерирало загуба од 470.000 евра од кои 200.000 евра се загуба наследена од првиот квартал и уште 270.000 евра се загуба генерирана во тие 91 ден од почетокот на април до крајот на јуни. Според официјалните податоци од компанијата, објавени на сервисот СЕИ НЕТ на Македонска берза приходите во овој период (април, мај и јуни) се помали од 40.000 евра. Односно на крај на март изнесувале 256.000 евра, а на крајот на јуни достигнале 294.000 евра.
Р.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.