Коронавирус во Бугарија: „Паднаа“ повеќе ограничувања, редици на границата со Грција
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 15 Јуни, 2020
Од денес носењето маски е задолжително само во јавниот превоз, болниците и аптеките, пишува Дневник.бг.
Ноќните клубови и дискотеките се отворија со запирање на повеќе ограничувања од денес.
Долга километарска редица е формирана пред граничниот премин Кулата - Промахон од бугарската страна, откако Грција објави дека оние што влегуваат во земјата нема да бидат предмет на карантин. Околу 15.000 Бугари излегоа денес преку овој контролен пункт, соопшти граничната полиција.
Во меѓувреме, една студија спроведена во Пловдив минатиот месец покажа дека само 2 отсто од луѓето се соочиле со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.