КОРОНАВИРУСОТ ЈА СТРЕСЕ НАФТАТА: Цените се „лизнаа“, аналитичарите со лоши прогнози
Објавено во: Економија 09 Март, 2020
Драма на светските берзи. Цените на нафтата во стрмоглав пад кој се случи во текот на ноќта и го турнаа светот кон нова економска криза.
Во текот на ноќта падот кој го забележаа цените на нафтата е 31 отсто, а се тоа е резултат на загриженоста од коронавирусот и воедно најостриот пад од Заливската војна во 1991 година.
Меѓународните референтни цени на нафтата од типот Брент паднаа на 31,43 долари за барел, додека пак сировата нафта VTI паднала на 30,07 долари за барел, покажуваат податоците од пазарот, откако земјите на ОПЕК не успеаа да постигнат договор.
Имено, ова е најголемиот пад на нафта во последните 20 години.
Тоа се случи откако Москва одби да го исполни барањето на Саудиска Арабија и да го намали производството на нафта со цел зголемување на цените на црното злато. Поради тоа од 1 април се откажуваат сите обврски на договорните страни за ограничување на производството на гориво.
Експертите и аналитичарите предупредуваат дека нафтата би можела да падне уште повеќе, на 20 долари за барел.
Падот на цените почна во петокот, поради коронавирусот и тоа за 11 отсто што е највисоко уште од 2014 година.
Ваквиот развој на настани следи откако од ОПЕК изјавија дека очекуваат дека глобалната побарувачка ќе се зголеми за 480 000 барели дневно годинава - помалку од половина која изнесувала 1,1 милиони во декември.
Како одговор препорачаа намалување на производството за 1,5 милиони барели дневно за остатокот од годината.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.