08 Јули, 2025
0.3569

KOРОНАВИРУСОТ „КОСИ“: Дали Македонците се плашат да нарачуваат од Али експрес?

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020 06:53

Добивај вести на Viber

Ако се суди според податоците добиени од македонските пошти, кај граѓаните не постои страв да нарачуваат облека и други производи од Кина.

Откако корона вирусот е топ тема во светот, тие не забележале пад на нарачките од Али експрес, кои се доставуваат до граѓаните.

„Во изминатиот период не е забележана тенденција на намалување на пристигнати пратки од Али експрес и според вообичената динамика се доставуваат и се подигнувааат пратките од страна на нашите корисници. Од Светскиот поштенски сојуз и надлежното Министерство за здравство немаме добиено информација за понатамошно постапување заради коронавирусот“, информираат од Пошта на Северна Македонија. 

Граѓаните на оваа тема се со поделени мислења. Некои се плашат, а други не.

„Воопшто не се плашам, затоа што мислам дека сето тоа повеќе е пропаганда отколку реална опасност“, вели штипјанец.

Тони К. од Тетово вели дека одредена резерва периодов треба да постои поради здравствени ризици.

„Сега не би било препорачливо да се купува затоа што слушаме на вести за вирусот дека е опасен. Граѓаните според мене треба да внимаваат. Јас лично сега не би купил ништо, не би нарачал, но сметам и дека она што доаѓа од Кина не е квалитетно, затоа што има луѓе кои купувале, и не се задоволни. За среќа, вирусот засега е далеку од Македонија, и немаме некоја посебна причина за загриженост“, додава тој.

Ниските цени на Али експрес сега се во втор план, откако граѓаните се прашуваат дали со пакетите може да се пренесе и коронавирусот. Дали епидемијата може да се прошири во повеќе земји и има ли простор за паника ако чекате за пакет два месеци. Стручни лица од соседството смирија дека преку пакет не може да се пренесе вирусот, тоа е според првичните сознанија, но напоменаа дека тие околности може да се променат. 

Од појавата на вирусот во декември во кинескиот град Вухан досега се заразени повеќе од 20 илјади луѓе, а болеста се прошири во дваесетина земји. Од вирусот досега починаа над 425 луѓе само во Кина. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Полицијата приведе скопјанец поради подметнување на пожар во Ѓорче Петров

Полицијата приведе скопјанец поради подметнување на пожар во Ѓорче Петров

МВР: Нормализиран e сообраќајот од и кон Блаце

МВР: Нормализиран e сообраќајот од и кон Блаце

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Маж настрада во пожарот во Ѓорче Петров, во Чучер Сандево огнот е надвор од контрола

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Маж настрада во пожарот во Ѓорче Петров, во Чучер Сандево огнот е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА МЕШТАНИТЕ: Општината Чучер Сандево бара Владата да прогласи вонредна состојба

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА МЕШТАНИТЕ: Општината Чучер Сандево бара Владата да прогласи вонредна состојба

АНГЕЛОВ: Паниката не ни помага, нема реална опасност од ширење на пожарот над Чучер

АНГЕЛОВ: Паниката не ни помага, нема реална опасност од ширење на пожарот над Чучер

ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА: Осомничен пукал кон полицијата, таа возвратила, го повредила и привела

ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА: Осомничен пукал кон полицијата, таа возвратила, го повредила и привела

Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош на повредените во Кочани, објаснија зошто...

Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош на повредените во Кочани, објаснија зошто...