Коронавирусот може да доведе до губење на слухот, открија српски лекари
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 02 Ноември, 2020
Ковид-19 може да го оштети слухот, тврдат лекари од Србија.
Лекари од ОРЛ клиниката на Клиничкиот центар Ниш го испитале влијанието на коронавирусот врз слухот.
Се покажало дека Ковид-19 може да доведе од слабо до умерено губење на слухот на високи фреквенции.
„Откривме блага до умерена загуба на слухот на високи фреквенции. Ова значи дека коронавирусот може да го нападне и слушниот нерв. Ги евидентиравме пациентите, ги повикавме дополнително да го проверат слухот и ги повикавме да влеземе во втората фаза односно да најдеме соодветна терапија“, објаснува Душан Милисављевиќ.
Вели дека кај некои пациенти слухот се враќа за неколку недели, а кај други по неколку месеци.
Милисављевиќ рече дека за време на третманот на пациенти со оштетен слух се користи дексаместазон, како и дека постојат две теории за тоа како новиот коронавирус го напаѓа и го оштетува слушниот нерв.
Претходно се знае дека вирусот ги напаѓа белите дробови.
Според последните информации, во Србија се регистрирани 49.205 потврдени случаи на Ковид-19.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.