КОРОНAВИРУСОТ СЕ ШИРИ: Италијанците дел смирени, а дел со страв во коски
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2020 06:55
Во Италија забрзано се шири коронавирусот, но меѓу Италијанците има поделени мислења за тоа дали има шанси да се заразат или не.
Во многу маркети рафтовите останаа празни, откако граѓаните навалија да купуваат. Ваква беше сликата во Милано, но и во други градови. Во светот, коронавирусот се прошири во многу земји.
„Точно е дека има страв, сите се исплашени. Јас и моето семејство сме добри, но луѓето се плашат од коронавирусот. Во еден миг како сѐ да застана. Благодарение на Бога сме добро, но овде работите на владата ѝ излегоа од контрола“, вели Кристина Корцето, Италијанка која живее во Фиренца.
Дарио Скампители, од градот Милацо, раскажа дека тој не се плаши, иако мнозинството граѓани се загрижени за своето здравје.
„Јас лично не се плашам, затоа што знам дека не можам да избегам од судбината. Сите луѓе се плашат, сите мои пријатели исто се во паника, сите се претпазливи и се многу сомничави“, вели Скампители.
Во областа Ломбардија, имаше неколку жртви.
„Не се плашам, зошто би се плашела кога ситуацијата е под контрола“, вели Мариа Грациа Напа.
Шефот на државната служба за цивилна заштита Анџело Борели изјави дека 219 лица во Италија се заразени со Ковид-19.
Италија се справува со најголемата епидемија на коронавирус надвор од Азија.
Од цивилната заштита порачуваат дека е важно дека сите нови случаи се во т.н. црвена зона, односно дека болеста не се шири надвор од „досегашните граници“.Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




