КОРОНАВИРУСОТ ВО СВЕТОТ: Шпанија враќа пензионирани лекари, Словенија и Австрија со заострени мерки
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Март, 2020 08:07
- Коронавирусот инфицираше скоро 246,000 луѓе ширум светот
- Починаа повеќе од 10 000 луѓе
- Во Италија има повеќе смртни случаи отколку во епицентарот на епидемијата во Кина
- Во Италија повеќе од 41.000 заразени, најмалку 3.405 мртви
- Повеќе од 88.000 луѓе се опоравиле
- Иран и Шпанија имаат по најмалку 18.000 заразени
СЛОВЕНИЈА: Забрана за движење на јавни места, казна 400 евра
Во Словенија стапи на сила владина регулатива која забранува движење и собирање на јавни места и области.
Ќе им биде дозволено движење и престој само на оние кои имаат неодложени работи, како што се одење на работа, во најблиската продавница, аптека и здравствена установа.
Прекршоците ќе се казнуваат со глоба од 400 евра, а излегувањето и собирањето на овие места во мали групи до пет лица ќе им биде дозволено само на членовите на семејството и службениците доколку е потребно.
Шпанија: Здравствен систем пред колапс
Поради зголемениот број на пациенти со коронавирус, здравствениот систем во Шпанија е во колапс и ќе бидат регрутирани пензионирани лекари и медицински сестри и ќе бидат ангажирани студенти од минатата година на медицината и од високото медицинско училиште. Се подготвува вработување на 50.000 нови здравствени работници.
Шпанија има повеќе од 18.000 случаи и најмалку 800 мртви како резултат на коронавирусот.
БОЛСОНАРО: Епидемијата ќе достигне вев за 3 месеци во Бразил
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, рече дека епидемијата на коронавирус во Бразил се очекува да достигне врв за три до четири месеци.
Тој додаде дека Бразил потоа ќе може да се врати во нормала за шест до седум месеци.
Болсонаро е позитивен на коронавирусот.ТРАМП ГО ОТКАЖУВА G7
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе го откаже состанокот на лидерите на Г7 во Кемп Дејвид во јуни поради коронавирусот, и наместо тоа ќе одржи видео конференција, соопшти денеска Белата куќа.
Трамп претходно во видео конференција на почетокот од оваа недела со лидерите на седумте најразвиени земји во светот, ги кажа плановите за април и мај, како и за јуни, кога требаше да се одржи состанокот.
АВСТРИЈА ги заострува граничните контроли
Австрија ќе ја продолжи контролата на влез во земјата поради пандемијата на коронавирус кон Унгарија и Словенија, откако претходно воведе гранични контроли за патници од Италија, Лихтенштајн, Германија и Швајцарија.
Во најдобар случај, до 7 април патниците кои од најразлични причини од Словенија заминуваат во Австрија, на границата со таа земја ги чека тестирање на коронавирус, што ќе донесе проблеми за словенечките претприемачи кои работат преку границата, а најмногу за оние кои живеат во Словенија а секој ден патуваат на работа во Австрија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи





