05 Декември, 2025
0.0273

Корпоративната Америка повторно успеа да го исцеди профитот!

Објавено во: Анализа 14 Февруари, 2013 09:15

Добивај вести на Viber

Американските компании по кој знае кој пат се покажаа како машини за правење профит. Старите добри практики и зголемувањето на иновациите предизвикаа значително зголемување на продуктивноста на економијата. А продуктивноста подразбира  можност со една единица вложен труд, да добиете што е можно повеќе единици нов производ. Првичните мерки како отпуштање на работници секако најмногу ги погодија обичните луѓе. Тие за жал во секоја варијанта во ваквите системи се оние кои најмногу ќе платат. Големите компании сепак се големи организми кои се борат за преживување по секоја цена. Но, со текот на годините низ кризата стапката на вработеност почна да се зголемува и работите почнаа да се враќаат во нормала. Таква е фактичката состојба сега, доколку ги гледаме извештаите за вработеноста во САД. Како компаниите ја зголемија продуктивноста? Големите гиганти како Мекдоналдс се чини дека пројдоа најлесно. Едноставно со подолго работно време и со промена на менито, успеаја да креираат зголемени продажби и ги надминаа очекувањата на аналитичарите. За доброто на компанијата, вработените мораа да работат и за Божик а тоа имаше одличен ефект на финасиите на компанијата. Останатите компании мораа да размислуваат за некој други типови на миксови за зголемување на профитабилноста. Најголемиот производител на пасти за заби и прашоци во светот, Проктер и Гембл се реши за најнепопуларното решение од сите – отпушти 5.000 вработени. Тоа можеби ви делува многу, но имајте во предвид дека компанијата вработува близу 130.000 луѓе. Намалувањето на трошоци и инвестирањето во иновации, преку нови производи и овозможи на компанијата 12% да го зголеми профитот, за сметка на само 2% зголемување на продажбата. Засега се чини дека на сите компании им оди добро на ова поле. Во последниот квартал годинава компаниите од S&P индексот забележаа скоро 8% раст на профиот на 5% раст на продажбата. Се чини дека работите сеуште одат во вистинскиот правец. Сепак целта на оваа игра не е само кратење трошоци. Значајно е да се направи правилна проценка кои трошоци за се скратат, кои сектори да се спојат, но притоа да не се загуби на конкуретност и да се вадат нови производи на пазарот. Интересна е споредбата што се прави со луѓето со прекумерна тежина – едноставно ова не е ситуација за луѓе кои имаат вишок сало. Тие размислуваат потешко, потешко се движат, брзо се заморуваат и не можат да носат брзи одлуки. Потребни се фит фирми кои ќе имаат мускули и ќе бидат спремни за брзи и ефикасни одлуки. Трошоци може да се кратат само одредено ниви, натака се работи за иновации. Сепак потребно е и поголемо макроопоравување во светот. Последните вести од Европа делуваат оправувачки, а се чини дека и Кина нема да има таканаречено тешко приземјување (значи растот е сосема солиден). Но, нема ништо лошо постојано да бидете спремни  за најлошото, макар тоа никогаш да не дојде. Последниот извештај за продуктивноста бележи пад на продуктивноста по неколку квартали раст. Што би рекло можеби е постигнат максимумот на кратење на трошоци. Време е профитите да растат, не само поради кратењето на трошоците туку и поради зголемена побарувачка, дури тогаш ќе дојде вистинското опоравување. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?