Kосовците бараат да се вклучиме во пакт против Србија?
Објавено во: Македонија, Балкан 02 Декември, 2018 07:23
Во Македонија, Хрватска и Црна Гора се разговара за формирање пакт против Србија.
Ова го тврди косовскиот политичар, Енвер Хоџај.
Вечерњи лист текстот го почнува со неуспешниот обид на приштинските власти да влезат во Интерпол и нивната одлука, како што пишува, да го „возвратат ударот“ и да воведат такси од 100 отсто на стоката од Србија, како и подоцнежното апсење на четворицата Срби во северниот дел на Косовска Митровица, па наведува дека „косовскиот премиер Рамуш Харадинај бил јасен кога кажал дека српскиот претседател Александар Вучиќ не разбира друг јазик освен тој на силата и дека е уверен дека само со сила може да го присили да ја признае независноста на Косово“.
Се наведува дека „со Харадинај се сложува и неговиот заменик Енвер Хоџај кој смета дека Србија е факторот кој го дестабилизира регионот“.
„Србија ја продолжува негативната кампања против Косово на меѓународен план. Таа го минира и процесот на нормализација. За да го заштити својот интерес, косовската влада реши да ги зголеми таксите. Нови мерки нема наскоро да бидат објавени“, кажа Хоџај за хрватскиот весник.
Тој кажа и дека „Србија не сака само да го дестабилизира Косово, туку и целиот регион“.
„Тоа на сите им е јасно. Кога не предизвикува криза со Косово, тогаш ја предизвикува со Хрватска или со Македонија или со Црна Гора. Србија има добри односи само со Република Српска и со никој друг. Зарем тоа не е чудно? Во неколку наврати, за време на посетите на Хрватска, Македонија и Црна Гора, разговарав со лидерите на тие држави да формираме пакт кој би ѝ се спротивставил на Србија и нејзината агресивна политика“, вели Хоџај.
Тој наведе и дека „верува дека идејата за голема Дрбија сѐ уште не умрела и дека сѐ уште е во воздухот“.
„ЕУ и САД мора да сфатат во која насока оди Балканот и каков ќе биде по десет години. Особено БиХ, Косово и Македонија. Ако ЕУ и Западот не ја сфатат опасноста од српската политика во тој дел од Балканот и не преземаат ништо околу забрзувањето на процесот на евроинтеграцијата на тие земји, никој не знае што ќе се случи со Косово, Македонија и најмногу со БиХ“, тврди Хоџај.
Српската влада, од друга страна, порача дека Хоџај ги разоткрил вистинските намери на Приштина соопштувајќи дека нивната цел е уништување на Србија и создавање непријателска антисрпска коалиција во регионот.
„Големоалбанските криминалци во регионот повеќе не ги интересираат ни правата на Албанците, ни самоуправата на Косово и Метохија, туку нивната желба, како што кажа косовскиот вицепремиер Хоџај, е регионален пакт против Србија“, истакна директорот на српската Канцеларија за КиМ Марко Ѓуриќ.
Тој изјави дека Хоџај со ова го потврдил сето тоа на што Србија ја предупредувала меѓународната заедница во изминатите години – дека главната цел на албанската политичка елита во Приштина е големоалбанска доминација во регионот.
Ваква идеја беше спомната и претходно од косовски политичари. Според нив, Белград прави проблеми и треба да се блокира.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




