Косово им дозволи на Србите да гласаат на изборите, но само на 20 места
Објавено во: Балкан 01 Април, 2017
Косово дозволи Србите што живеат на Косово да може да гласаат на претседателските избори.
- Утре Србите ќе може да гласат на 20 избирачки места на целата терторија на Косово. Изборниот процес ќе се одвива идентичко како и во Србија. Она што е поразлично е пребројувањето на гласовите, што нема да се врши во Косово - пишува „Коха диторе“.
Веста ја потврди Бајрам Гецај, заменик министер за локална самоуправа и советник на премиерот Иса Мустафа.
На предвремените парламентарни избори во 2016 година на Србите им беше дозволено гласање, процес што го набљудуваше мисијата на ОБСЕ. а пребројувањето на гласовите беше во Србија, поточно во Врање и Рашка.