Косово нема да создаде суд за поранешните команданти од војната во 1999 година
Објавено во: Балкан 28 Јуни, 2015 10:42
Косовскиот парламент нема да создаде трибунал за поранешните команданти на паравоени формации, осомничени за воени злосторства за време на војната од 1998 и 1999 година, пренесуваат локалните агенции.
Парламентот во Приштина одлучил да не создава суд пред кој можат да се соочат осомничените за шверц со човечки органи за време на војната.
САД и ЕУ предупредуваат дека прашањето ќе биде ставено пред Советот за безбедност на ОН. „Нема што да криеме“, изјавил министерот за надворешни работи на Косово и поранешен командант на паравоените одреди Хашим Тачи за време на дебатите.
„Разочарани сме многу од ова решение, но ќе треба да го почитуваме“, изјавил Самуел Жбогар, претставникот на ЕУ во поранешната српска покраина.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




