КОСОВО САКА ДА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА САД: Спремни се да примат странски државјани
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2025 15:54
Владата на Косово е подготвена да го прифати барањето на САД за прием на странски државјани.
Владата во оставка потврди дека е подготвена на соработка со САД за прифаќање и привремено преселување на државјани од трети земји во Косово, во согласност со утврдени услови. Ова го потврди денеска портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу.
„Во период од една година, до педесет лица можат привремено да се преселат, со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната земја на потекло. Владата изрази подготвеност да се ангажира, со можност за избор на лица од предложената листа, под услов да исполнуваат одредени критериуми поврзани со владеењето на правото и јавниот ред“, наведе Криезиу.
Косовската Влада на 26 мај изрази подготвеност да разговара и со Велика Британија за предлогот за воспоставување на таканаречени центри за враќање во Косово, за азиланти.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




