КОСОВО СЕ ВООРУЖУВА: За три години потрошиле 250 милиони евра
Објавено во: Балкан 17 Септември, 2024 15:23
Koсово се вооружува. Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци вели дека актуелната влада во изминатите три години купила вооружување во вредност од 249 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
За телевизијата Клан Косова, Маќедонци изјави дека во оваа сума не е вклучен буџетот за косовските вооружени сили за 2024 година. Тој додаде дека набавките се направени врз основа на сеопфатниот транзициски план на Безбедносните сили на Косово.
„Набавките се ориентирани според концептот на купување држава со држава. Значи, инвестициите се вршени во соработка со релевантните министерства на земјите од НАТО со кои договаравме набавка, а се според стандардите на НАТО, бидејќи ние сме јасно ориентирани кон членство во Алијансата и во Европската унија“, рече Маќедонци.
Тоа што Косово се вооружува ја загрижува Србија. Претходно, српски политичари реагираа кога Косово доби оружје од Турција.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




