19 Декември, 2025
0.0368

Косово: Собираат доброволни прилози за предизборната кампања

Објавено во: Балкан 09 Октомври, 2013 19:12

Добивај вести на Viber

Во косово се вжештува изборната кампања, а пари за неа партиите и движењата наоѓаат кој како зна е и умее. Како што јави МИА, косовското движење „Самоопределување“ сега собира доброволни прилози од граѓаните за својата кампања. Акцијата се вика „Дарувај за промени“, а веќе се собрани околу 40 илјади евра. Од Движењето сепак очекуваат дека ќе собераат 252 илјади евра, колку што сметаат дека ќе чини нивната предизборна кампања. „Нам не ни се доволни средствата што ги добиваме од Фондот за подршка на политичките субјекти, од каде за 2013 година добивме нешто помалку од 500.000 евра. За сегашната кампања нам ни се доделени само 5.300 евра“, изјави член на движењето. За финансирање на партијата во 2010 додина, лидерот Албин Курти го продаде сопствениот стан во Приштина го продал за 70.000 евра. Со овие пари тој го помогна „Самоопределување“ и се врати да живее со неговите родители. „Самоопределување“ е познато по ставовите за обединување на Косово, Албанија и на сите други албански територии во регионот во една држава. Локалните избори се закажани за 3 ноември, а на нив ќе учествуваат 103 политички субјекти, од кои 50 се албански, 31 српски, 9 турски, 3 црногорски, по два ашкалиски и ромски и по еден на Горанците, Египќаните и Хрватите.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен