04 Декември, 2024
0.0252

Косовски јајца ја урнаа цената на домашниот пазар пред Велигден!

Објавено во: Агробизнис 30 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Во пресрет на велигденските празници, невообичаено цената на јајцата нема да се зголеми. Живинарите дури  велат дека за разлика од минатиот, овој Велигден јајцата  се продаваат и за еден денар поевтино. Лани во периодот пред велигденските празници едно јаце се продаваше од 8 до 8,5 денари, сега истиот период цената на едно јајце е од 7 до 7,5 денари. Причината за падот на цената е поради напливот на јајца од Косово, кои како што тврдат живинарите во земјава влегуваат нелегално, а се продаваат необележани и по пониски цени. - Многу јајца од Албанија преку Косово влегоа на македонскиот пазар. Се продаваат необележани, без печат и на црно, а по пониски цени. Ние апелираме да се засилат контролите на терен, а граѓаните да не купуваат необележани јајца, кои како такви го отвораат прашањето колку се безбедни и квалитетни, со што се доведува во опасност здравјето на луѓето. Македонските живинари имаат законска обврска за обележување на јајцата, со што ние гарантираме за нивната безбедност и квалитете, вели Вили Кичуков, претседател на Групацијата на живинари при Стопанската комора на Македонија Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат тврдењата на живинарите за нелегален увоз на јајва од Косово, не се точни. - Извршените вонредни контроли на инспекциските служби на АХВ, направени врз основа на поднесени претставки од страна на неколку производители на јајца од земјава, не ги потврдија нивните неводи дека од Република Косово се врши нелегален  увоз на овој прехранбен производ во земјава. Дополнителите контроли се извршени во рамки на веќе засилените инспекциски контроли кои се вршат од страна на Агенцијата на домашниот пазар и при увоз пред велигденските празници, кога потрошувачката на овој прехранбен производ е зголемена.Освен редовните контроли на домашниот пазар, АХВ врши контрола во сите фази на производството на јајца. Како одговорна институција за безбедноста на храната ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски или електронски на info@fva.gov.mk, се вели во соопштението на АХВ Живинарите кои остануваат на своите тврдења, предупредуваат дека ваквите неочекувани состојби на пазарот пред велигденските празници кога вообичаено имаат турбо производство, оваа година за прв пат наместо недостиг, ќе имаат вишок на јајца, поради што во моментов се затрупани со залихи. -Јас не памтам кога сме имале вишок на јајца за Велигден, секогаш ни се јавувал недостиг. Деновите пред Велигден секогаш сме имале вонредно производство, го  зголемувавме за да можеме во целост да го покриеме домашниот пазар и да извеземе. Сега немаме потреба од вонредно производство, едвај се троши редовното производство на јајца. Ние немаме легален увоз на јајца, и немаме потреба од увоз оти домашното производство е доволно за македонскиот пазар. Ако се земат во предвид овие случувања, па и економската криза, профитот годинава за разлика од минатата ќе биде помал, и крајно тоа ќе се одрази врз живинарското производство, објаснува Кичуков. Во текот на последните десет години бројот на живината постојано се намалува. Вкупниот број живина во 2011 година изнесувал 1.944.260, додека вкупниот број на кокошки носилки изнесува 1.537.113. Според податоците, во 2011 година  производството на јајца било 243.004.000 јајца, а лани е намалено на 204.197.142 јајца. Ваквото намалување на производството според живинарите се должи на недостигот и скапата добиточна храна која во трошоците живинарството учествува со 80 отсто. Домашното производство на јајца комплетно ги покрива потребите на македонскиот пазар, а јајца има и за извоз во земјите од регионот. Според податоците од АХВ лани од  од Македонија се извезле повеќе од пет милиони јајца, оваа година досега се извезени 1.038.960 јајца. Живинарството е профитабилна сточарска гранка. Упатените во бизнисот велат дека  производството на јајца годишно е 24 милиони евра, од кои само на основа на ДДВ од пет проценти државата во буџетот инкасира 1.200.000 евра. Не само јајцата, и јагнешкото пред Велигден годинава се продава поевтино Цената на јагнешкото месо оваа година пред велигденските празници ќе биде пониска во споредба со ланската цена. Ако лани килограм јагнешко месо по маркетите чинеше  од 350 до 400 денари, во моментов цената во малопродажба  е околу 299 денари за килограм. Од месарниците коментираат дека во шпицот пред Велигден, можно е цената за нијанса да биде над сегашните 299 денари, но сепак нема да биде како минатата година. Ваквата состојбата на пазарот е поради конкуренцијата која држи ниска цена, објаснуваат од месарниците, но дека и слабата финансиска моќ на граѓаните си го напаравила своето. И покрај тоа што заработувачката ќе биде помала во споредба со минататите години, ќе го продаваме со пониска цена само колку да го има, коментираат од поголемите месарници Ј.С

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.