26 Октомври, 2024
0.0269

Косовскиот министер за одбрана повика граѓаните да донираат пари за купување оружје

Објавено во: Балкан 17 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Косово се вооружува. За таа цел, властите повикаа и граѓаните да помогнат. 

Министерот за одбрана Арменд Мехај ги повика граѓаните да придонесат за инвестирање во Косовските безбедносни сили (КБС) со донирање во Фондот за безбедност. Мехај на Фејсбук пишува дека со вооружувањето ја гарантираат безбедноста на државата. 

„Нашата армија континуирано се консолидира преку инвестиции во оружје и друга воена опрема. За да бидеме уште посилни за да гарантираме побезбедно Косово, сите вие ​​драги граѓани можете да придонесете со донирање во Фондот за безбедност на активна сметка внатре или надвор од државата. Косовските безбедносни сили, наша гордост“, напиша тој.


Косово се пофали со набавка на турските дронови „бајрактар“. Косовскиот министер за одбрана изјави дека Косово ќе биде 33. земја што ќе се зачлени во НАТО. 

Премиерот на Косово, Албин Курти, министерот за одбрана во неговата влада, Арменд Мехај и командантот на ФСК, Башким Јашари, вчера ја претставија набавката на турски дронови „бајрактар“. Нема детали колку точно беспилотни летала се набавени од Турција ниту колку чинат. Дел од српските аналитичари истакнуваа дека треба да се обрне внимание дека Косово сериозно се вооружува со турско оружје. 

Инаку, Косово и Србија со месеци се во лоши односи, а Западот повика на деескаалција. Албанскиот премиер Еди Рама предупреди дека Косово може да биде Донбас во срцето на Европа. 

Фото: EPA-EFE/PETRIT PRENAJ

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СОСЕДСТВОТО: Се стресе Албанија

ЗЕМЈОТРЕС ВО СОСЕДСТВОТО: Се стресе Албанија

ПОЛИЦИЈАТА ГИ УАПСИ РОДИТЕЛИТЕ НА МОМЧЕТО ОД БОСАНСКА КРУПА: Сараевски портал објави дека вујкото го радикализирал малолетникот

ПОЛИЦИЈАТА ГИ УАПСИ РОДИТЕЛИТЕ НА МОМЧЕТО ОД БОСАНСКА КРУПА: Сараевски портал објави дека вујкото го радикализирал малолетникот

РАМА: Во 2030 година ќе го кренеме знамето на Скендербег во дворот на ЕУ

РАМА: Во 2030 година ќе го кренеме знамето на Скендербег во дворот на ЕУ

БИЛ ЗЛОУПОТРЕБЕН И ЗАПУШТЕН? Проширено обвинението за родителите на Коста

БИЛ ЗЛОУПОТРЕБЕН И ЗАПУШТЕН? Проширено обвинението за родителите на Коста

НАПАД КАРАКТЕРИЗИРАН КАКО ТЕРОРИЗАМ: Тинејџер (15) уби полицаец во Босанска Крупа - „бил склон кон екстремизам“

НАПАД КАРАКТЕРИЗИРАН КАКО ТЕРОРИЗАМ: Тинејџер (15) уби полицаец во Босанска Крупа - „бил склон кон екстремизам“

БРЗААТ КОН ЕУ: Црна Гора ќе ги затвори преговарачките поглавја до декември

БРЗААТ КОН ЕУ: Црна Гора ќе ги затвори преговарачките поглавја до декември

СРБИЈА ИМА РЕКОРДНИ ПРИХОДИ ОД ТУРИЗМОТ: Koлку трошат странците на дневна основа?

СРБИЈА ИМА РЕКОРДНИ ПРИХОДИ ОД ТУРИЗМОТ: Koлку трошат странците на дневна основа?

НАЈДОБРА СВЕТСКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА 2025 ГОДИНА: Сараево ги освои читателите на познато списание

НАЈДОБРА СВЕТСКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА 2025 ГОДИНА: Сараево ги освои читателите на познато списание

РАНЕТ УЧЕНИК ПРЕД УЧИЛИШТЕ ВО САРАЕВО: Напаѓачот е фатен, не се знае како е повредениот ученик

РАНЕТ УЧЕНИК ПРЕД УЧИЛИШТЕ ВО САРАЕВО: Напаѓачот е фатен, не се знае како е повредениот ученик