КОСТА КОСТОВСКИ ПОВЕЌЕ НЕ Е НЕИЗВРШЕН ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА БЕРЗА - поднел оставка од функцијата
Објавено во: Финансии 25 Август, 2020
Коста Костовски, син на бизнисменот Трифун Костовски и косопственик на сега пропаднатата Еуростандард банка, повеќе не е неизвршен член на Одборот на директори на Македонската берза за хартии од вредност.
Оваа промена е објавена вчера во Централниот регистер на земјава.
Според сознанијата на Фактор од банкарски кругови, Костовски поднел оставка од оваа функција.Потоа, како што велат нашите информации, Берзата, според законските прописи, мора да констатира дека престанала неговата функција како неизвршен член на Бордот на директори на Берзата.
Како што е познато, до скоро, односно до 16 јуни годинава Костовски беше претседател на Одборот на директори на берзата, по што беше направена промена и на негово место дојде Тони Стојановски од Стопанска банка.
Рокадата беше изгласана на седница на Одборот на директори на берзата на 12 јуни, по што Коста Костовски продолжи да биде член на Одборот на директори, но не беше на негово чело.
А како што е познато, откако Народна банка на Македонија и ја одзеде дозволата за нработа на Еуростандард банка, Берзата веднаш ја исклучи трајно од нејзиното членство банката на бизнисменот Трифун Костовски.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.