Коста Костовски повеќе не е претседател на Одборот на директори на берза
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2020 07:31
Тони Стојановски на местото на Коста Костовски.
Стојановски во следните четири години ќе биде претседател на Одборот на директори на Македонска берза. Досега таа функција ја имаше Костовски, син на познатиот бизнисмен Трифун Костовски, инаку во берзата претставник на Еуростандард банка. Рокадата беше изгласана на последната седница на Одборот на директори на Македонска берза, на 12 јуни. Тогаш беше изгласан новиот мандат на членовите на Одборот. Тие впрочем се истите луѓе, но Стојановски досега беше само неизвршен член, а во следните четири години ќе биде и претседател.

Костовски останува член, а во Одборот како неизвршни членови се е Петар Трпески од Шпаркасе банка, Михајло Брова Зиков од Комерцијална банка, Билјана Цветковска од Централниот депозитар на хартии од вредност.
Иван Штериев е член на Одборот и главен и извршен директор, а во него членуваат и двајца независни членови - Горан Анастасовски и Иван Мишев.
Костовски беше избран за претседател на Одборот на директори на Македонска берза во ноември 2016 година.
Стојановски е генерален директор за корпоративно банкарство во Стопанска банка и член на Управниот одбор на оваа банка.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





