05 Декември, 2025
0.0320

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2025 14:26

Добивај вести на Viber

Ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов преку социјалните мрежи ги отфрла наводите за сторено кривично дело при набавката на автобусите
„Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица. Проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот“, вели Костадинов.
Порача и дека стои на располагање на надлежните органи и институциите.

„Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони. Истовремено, сакам да потенцирам дека лично јас, а се надевам и сите наведени лица за кои што постои сомневање дека сториле кривично дело, стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции со цел да им биде елаборирано и појаснето на каков начин е спроведен овој проект кој денес беспрекорно функционира во пракса. Политички коментар не би сакал да давам“, додаде Костадинов.

КРИВИЧНА ЗА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ: Со уште 5 лица ја злоупотребиле постапката за набавката на електрични автобуси

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Одбраната на поранешните градоначалници на Кочани, Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

Одбраната на поранешните градоначалници на Кочани, Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

„Кралицата на небото“ слета на Скопје: Американски џамбо „Боинг 747“ достави опрема за македонската армија

„Кралицата на небото“ слета на Скопје: Американски џамбо „Боинг 747“ достави опрема за македонската армија