18 Декември, 2025
0.0600

КОСТОВСКИ ЗА ФАКТОР: Ако планираа да не затворат, тоа требаше да го сторат пред една година, а не да дозаглавиме со уште 15 милиони евра

Објавено во: Економија 12 Август, 2020 17:44

Добивај вести на Viber

„Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија“. 

Ова за Фактор првично го изјави бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, за која попладнево на пресконференција гувернерката на НБМ Анита Бежоска Ангеловска соопшти дека и ја укинува дозволата за работа и утре пред судот ќе предложи стечај за банката.

Бизнисменот Костовски за во петок најавува пресконференција на која до јавноста ќе се обратат акционерите на банката.

„Народна банка цела година не држеше под строги мерки и не ни дозволуваше да работиме и да заработиме.

Како можеме да ја подобриме состојбата на банката кога Народна банка цела година не држи под строги мерки. Ако не можеш да работиш, не можеш ниту да заработиш за да ја подобриш состојбата“, вели Костовски за Фактор.

Бизнисменот нагласува дека за изминатата година кога Еуростандард била под строги мерки, неа само дополнително и се влошило портфолиото. 

„Практично, ние имавме забрана за работа од НБМ. Како во тој случај да се подобри состојбата. Исто така, НБМ не прифаќаше ниту еден од нашите предлози за надминување на состојбата и за евентуална продажба на банката“, вели Костоовски за Фактор. 

За оваа одлука на НБМ вели дека е еднострана одлука на НБМ.

„Ако веќе беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година, а не за овој период уште дополнително да заглавиме со 15 милиони евра“, вели Костовски за Фактор.

НБМ денеска донесе одлука да и ја укине дозволата за работа на Еуростандард.

Во Еуростандард банка имало штедни влогови од 71,5 милиони евра, а од Фондот за депозити велат дека имаат кондиција да ги обесштетат штедачите. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје