Ковачев вели дека не сакаат нивните внуци да се мразат со потомците на Заев оти учеле по различни образовни програми
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2020
Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Андреј Ковачев, во гостување на бугарската ТВ „Европа“ изјави дека позицијата на Бугарија е јасна и тие не сакаат во Европската унија да влезе една држава како Северна Македонија со која нивните деца и внуци ќе ги имаат истите проблеми со фалсификувањето на историјата.
„Не сакаме тие да се мразат со потомците на Зоран Заев
зашто учеле по различни образовни програми“, изјави тој.
За подготвеноста на македонскиот премиер Зоран Заев и шефот на
дипломатијата Бујар Османи, Македонија писмено да гарантира дека нема територијални
претензии кон Бугарија, Ковачев коментира дека таквата понуда е „слатка“, но ни одблизу
доволна. Вели дека во декларацијата од 1999 година од екс премиерот Љубчо Георгиевски е
наведено дека ниту една од двете држави нема територијални претензии.
„Ние не диктираме како да се
самоопределуваат во Северна Македонија, но во никој случај не е европска вредност да се
манипулира историјата. Имаме светска академска заедница според која населението порано
се самоопределувало како бугарско. Таа комисија нема храброст да ги расчисти моментите
во наставните програми за да се предава вистината. Дали со нов договор, со анекс или под
друга форма, треба да се прифати дека тој процес е неповратен“, рече Ковачев.
Вели дека не е страшно земјава да ги започне преговорите по 6 месеци, кога ќе ја прифати реалноста.
Вчера на провокациите од Бугарија реагираше кумановскиот градонашалник, Максим Димитриевски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.