17 Декември, 2025
0.0555

Ковачев вели дека трите документи од францускиот предлог даваат одговор дали е Македонија подготвена за преговори

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022 19:17

Добивај вести на Viber

Бугарскиот европратеник Aндреј Ковачев за БГНЕС изјави дека треба да го прецизираат протоколот и да ги релаксираат односите со Македонија. 

Тој за БГНЕС говори за трите документи кои ги содржи францускиот предлог. Вели дека тие само во комплет даваат одговор на прашањето дали Македонија е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ.

„Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот ни кажува дека темата ‘билатералните односи Скопје-Софија’ ќе биде дел од преговарачкиот процес, а тоа е многу добро за Бугарија. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказ со конкретни заложби и чекори кои Скопје мора да ги исполни како возврат да го укинаме ветото“,  вели Ковачев во изјавата за БГНЕС.

Понатаму, тој вели дека колку што знае, веќе има нацрт билатерален протокол подготвен од МНР и испратен во Скопје.

„Да не се залажуваме, овие историски теми се основата на недоразбирањето меѓу двете земји и говорот на омраза кон Бугарите и Бугарија во Македонија“, рече Ковачев. 

Во меѓувреме, пратениците во бугарското Собрание изгласаа недоверба на премиерот Кирил Петков. 

Можеби ќе ве интересира

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели