26 Јуни, 2024
0.0310

Ковачевски го искоментира случајот со Латас

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за случајот со новинарот Драган Павловиќ Латас, изјави дека е вознемирен и згрозен од јавното промовирање на сексуалното насилство и дискриминација.

„Слушнав за ова пред неколку дена и оттогаш до денес кога и да помислам на случајот, навистина се вознемирувам и се чувствувам гневно. Ова однесување, не само што е срамно за мажите, и тоа не само тука, туку и во светот, ова е срамно за сите луѓе, секое едно човечко битие. Јавното промовирање и поддржување на сексуалното насилство и сексуалната злоупотреба е целосно неприфатливо! Не смееме да толерираме вакво понижувачко, омаловажувачко, деградирачко третирање на жената. Секое вакво однесување, мора да биде јавно осудено и да  испрати јасна порака дека насилството врз жените е неприфатливо. Загрижувачки е што не само што слушавме за чин на сексуално насилство, туку и што бевме сведоци како соговорниците радосно и без грам грижа на совест и свесност колку штета нанесуваат, се смеат и ликуваат додека дискутираат“, рече Ковачевски. 

Основниот кривичен суд Скопје го прифати барањето на Јавното обвинителство и донесе одлука да им забрани јавен настап на новинарот Драган Павловиќ - Латас и на јутјуберот Стефан Лазаров. Според известувањето од судот, на Латас му е одземен и пасошот.

Ваквите мерки следуваат откако изминатиот викенд Латас зборуваше за тоа како прифатил да учествува во акт на силување на девојка додека бил малолетник, на што наиде на позитивна реакција од водителот Лазаров во неговата поткаст емиисија, наместо на негодување и осуда.

Обвинителството за двајцата поднесе обвинителен предлог за кривично дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, по негативните реакции од широката јавност.

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“