30 Септември, 2024
0.0336

Ковачевски: Ќе го поништам тендерот за угостителскиот прибор и опрема доколку е несоодветен

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Мандатарот Димитар Ковачевски денеска на претседателот на Собранието, Талат Џафери, му ја врачи владината програма и кабинетот на новата Влада за кои ќе се гласа од страна на опратениците.

Идниот премиер рече дека ќе го поништи тендерот, според кој за 38.000 евра треба да се купи нов прибор за угостителство, со кои службата за општи и заеднички работи ја подновувава владината кујна. 

- Кога ќе станам претседател на Владата ќе се информирам за таа одлука. Таа набавка беше предмет на интерес на јавноста. Доколку јавната набавка е во обем и во постапка која што не е соодветна на очекувањата, јас таа набавка ќе ја поништам, одговори денеска Ковачевски на новинарско прашање.

Покрај бела техника, според тендерот, Владата набавува и нови прибори за јадење, со највисок квалитет, порцелан, инокс и кристал,. Договорот вреден над 37.000 евра го добија три фирми -„Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“ сите од Скопје. Тие треба да достават до владината сужба, висококвалитетна бела техника- софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна. Но, и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за владината кујна.

Кај министрите од СДСМ што остануваат во Владата, Ковачевски рече дека гледа зголемување на перформансите каде што управувале и ги подигнале стандардите, како и нивото на капитални инвестиции.

За министрите што заминуваат , тој вели дека сами ги понудиле своите оставки и дека некои од нив ќе ја продолжат кариерата надвор од политиката.

- Тие понесоа голем товар во исклучително тешки и кризни години, но тие ги понудија своите оставки по оставката на Заев. Јас сметам дека добро ги исполнуваа задачите.  Има микнистри кои одлучија својата кариера да ја продолжат во друга насока, дополни Ковачевски.




Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО