Ковачевски: Концесиите ги дадоа ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, ја ставија државата во судски лавиринти
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2023
Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан за заеднички интегриран електронски систем за наплата на патарините, како одговор на новинарско прашање, рече дека следната владина седница ќе се преиспита прифатениот предлог на Министерството за економија за спојување на концесиите за проектот Иловица-Штук.
Рече дека одлуките за концесии на Еуромакс Ресорсис биле доделени од страна на претходната власт и дека сега треба да балансира помеѓу ставот дека рудници не треба да има и опасноста од скапа наплата за поништените договори.
„Концесиите за рудникот Иловица се дадени 2012-2013 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски. Тие рудници Иловица се во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2016 година. Тука се и општините кои во тоа време беа водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Општините Ново Село и Босилово носат одлуки за отворање на рудници за бакар, злато и сребро
Ставот на СДСМ и Владата, вклучително и Министерството за економија, е дека не е за отворање на рудници во струмичкиот регион. Поради тие одлуки на ВМРО-ДПМНЕ, државата е сега ставена во судски лавиринти. Се работи за голем број судски одлуки, од кои дел се во корист на странскиот инвеститор, и луѓе од Министерството за економија согласно тие одлуки кои што се донесени, ќе мора да дојдат на следната владина седница и да ги презентираат сите одлуки. Ако ставот на граѓаните од Струмица, Ново Село и Босилово е дека не сакаат рудници - рудници нема да има“, рече Ковачевски.
Ковачевски не одговори дали е точно тоа дека министерот за економија Крешник Бектеши на владина седница подвалил одлука дека мора да се почитува одлуката на Управен суд и да се спојат концесиите, но најави дека за тоа ќе се разговара на следната владина седница.
„Во Министерството за економија има луѓе кои работат на судски одлуки и тие мора да го заштитат интересот на граѓаните, а тоа е да не се дозволи државата да плаќа по арбитражи огромни суми на средства заради раскинатите концесии кои што Никола Груевски и Христијан Мицкоски ги имаат дадено“, изјави премиерот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.