02 Мај, 2024
0.0281

КОВАЧЕВСКИ: ОВА Е ЕВРОПСКИ, А НЕ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ - јазикот е чист, но Бугарија ќе добие унилатерална забелешка во записникот на преговарачката рамка дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Францускиот предлог ги содржи нашите барања, рече премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите, која се одржа после пресконференцијата во Владата.

„Јас ова не го нарекувам француски предлог, туку тоа е европски предлог, затоа што го поддржаа и канцелрот Шолц, но и другите европски претставници“, нагласи премиерот. 

Ковачевски рече дека овој предлог следува после петмесечни тешки преговори, во кои учествуваа и вицепремиерот Маричиќ и министерот за надворешни работи, Османи, а кои се одвиваа двонасочно, и со бугарската страна, но и со бранење на нашите позиции во Европскиот совет и Европската комисија. 

Ковачевски се надева дека сите чинители во земјава ќе бидат на висината на задачата, и со ладни глави, одговорно и државнички, ќе дискутираат за предлогот. Владините коалициони партнери имале позитивни ставови за предлогот, но за него ќе одлучат партиите, вклучително и СДСМ, кој, како што рече премиерот, има 84 илјади членови.

Ковачевски не одговори директно на новинарското прашање „што е она најболно од францускиот предлог за македонската страна, која е таа најголема ‚кнедла' што треба да се проголта, нагласувајќи дека тој не мора ништо да прифати, туку за прашањето ќе одлучат сите засегнати во државава. 

„Потребен е широк консензус за носење на одлука, за тоа дали ќе тргнеме таму каде што сме се определиле уште 1990 година или ќе талкаме по Балканот и да се занимаваме со работи кои младите генерации не ги ни разбираат“, објасни Ковачевски. 

Тој вели дека имал храброст на Самитот на ЕУ да ја одбие првичната верзија на францускиот предлог, односно деловите кои за нас се неприфатливи, притоа не сакајќи за тоа да прибира политички поени. Но, наспроти тој предлог, сега земјава доби еден предлог во кој се зачувани сите наши интереси, а особен јазикот, за што имаше многу шпекулации. 

Јазикот останува чист, уверува премиерот.

Бујар Османи, министер за надворешни работи, ја раскажа историјата за тоа каков бил тврдиот бугарски став за јазикот, а нашата страна вложила огромни напори тоа да не стане и став на Европската унија. Вусност, вели Осмнани, јазикот бил најголемиот проблем во преговорите, и најтешкото прашање. 

„Ние не се трудевме да го смениме мислењето на Бугарија, туку да им објасниме на европските партнери дека тоа е неприфатливо. Во преговарачката рамка со ЕУ сега има чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви дополнувања. Тоа е така за сите јазици, српскиот, хрватскиот, албанскиот... Сегашниот предлог предвидува дека кога ќе се усвои преговарачката рамка, единствено ќе има забелешка на бугарскиот претставник за македонскиот јазик, и таа забелешка ќе влезе во записникот“, нагласи министерот. 

Таа забелешка на бугарскиот претставник ќе биде дека македонскиот јазик е еден од шесте дијалекти на бугарскиот, но од Владата тврдат дека тоа ќе биде само еднаш, значи таа ќе влезе само во записникот при усвојувањето на преговарачката рамка. 

Според Османи, ова било најважното прашање што успеала да го издејствува македонската страна. 

Како што објасни министерот за надворешни работи, има разлика меѓу двата предлога што стигнаа од француското претседателство. Османи вели дека во рамката има еден дел за етнички права, што е содржано во Копенхашките критериуми, и всушност секоја земја тоа го добива во преговорите. 

„Во нашата рамка е спуштен како посебен акциски план. Тоа е акциски план за малцинства и етнички заедници. Значи не посебно за Бугарите. Ова е од причина што ни требаше компромис. Во содржината никаде ексклузивно не се споменуваат Бугарите, туку се однесува на сите малцинства и заедници“, рече Османи, додавајќи дека ќе се додата и Хрватите, и Црногорците. 

Инаку, кога станува збор за влегувањето на Бугарите во Уставот, договорено е да има две меѓувладини конференции. 

„Се најде компромисно решение да почнат преговорите сега, а пред отворањето на првиот кластер - да почнат промените во Уставот“, објасни Османи. Всушност, втората межувладина конференција ќе биде кога ќе се направат измените во Уставот. 

Инаку, во новиот договор решението е компромисно и вели Договорт за добрососедство и годишните прегледи. Прегледите се извештај на работата на двете влади на годишно ниво.

Всушност, од Владата објаснуваат дека ниту Преспанскиот ни договорот со Бугарија нема да влезат во преговарачката рамка.

Но, никој не гарантира дека Бугарија нема да може да направи проблеми за некои други прашања, а тоа може да го направи и друга земја членка. 

Всушност пртемиерот, како што рече, многу повеќе стравува од тоа што не ни е исчистен криминалот, што е неефикасна јавната администрација, а судиите и обвинителите, и покрај највисоките плати и дадени сите најдо0бри услови за работа, се бавни и имаат 8 отсто доверба од гражаните, наместо 88 проценти, кои, како што реше премиерот, се потребни. 

Инаку, деновиве ќе има консултации со претседателот на Собранието од кои ќе се знае на кој начин ќе се гласа во парламентот. Личен став на Османи е дека Собранието за тоа веќе се има изјаснето, но ќе се остави на партиите да проценат како тоа да се изведе. Во Собранието би се гласало со просто мнозинство. 

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање