Ковачевски: Преговараме со американски гигант за изградба на гасна централа во Битола
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2023 13:17
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на одбележувањето на полетокот на изградбата на битолската топловодна мрежа рече дека Владата е во преговори со компанија од САД која ќе треба да го трансформира РЕК Битола во гасна централа.
- РЕК Битола, ЕСМ и Владата веќе имаме контакти на високо ниво со еден од најголемите американски гиганти во делот на инсталирање на постројки за производство на електрична енергија од гас. Во Битола постои инфраструктура, трафостаници и комплетна мрежа за да може да се произведува електрична енергија од друг енергенс, а тука пред се мислам на гасот, и нема да претставува проблем да се направи таа транзиција, рече Ковачевски.
Премиерот на новинарското прашање дополни дека магситралниот гасовод од Жидилово до Битола како приемна точка е завршен, а до крајот на годината ќе започне изградбата на гасоводот со Грција
Ковачевски истакна дека на старите наоѓалишта на јаглен за РЕК Битола ќе има и фотоволтаични централи како извор на дополнително производство на струја.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




