19 Декември, 2025
0.1886

Ковачевски се фотографираше со Вучиќ, Петков остана на страна

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2022 14:41

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и со претседателот на Европскиот совет,  Шарл Мишел, имаа свои поздравни обраќања на свечената церемонија на започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи, Грција.

Во првите редови Ковачевски седеше до Вучиќ, а на следното столче беше Петков. Владината прес-служба објави заедничка фотографија единствено од македонскиот премиер и српскиот претседател.

„Сакам на сите граѓани на Северна Македонија, меѓутоа и на граѓаните на регионот да им испратам порака дека ова се кризни времиња, ние како премиери и претседателот на Србија, тоа што сме сите заедно овде испраќаме порака дека во тешки времиња пријатели и соседи треба да бидат заедно да се помагаат и во таа прилика го истакнувам моето огромно задоволство од многу честите контакти кои ги имавме и на дневно ниво со претседателот Вучиќ, со премиерот Мицотакис во делот на обезбедување на потребните енергенси во текот на зимата, меѓутоа и во делот на непречено снабдување, транспорт и трговија на храна помеѓу нашите три држави“, рече Ковачевски меѓудругото во својот говор.

Премиерот претходно рече дека со оваа инвестиција во која учествува и Макеедонија, јужниот коридор ја намалува зависноста од досега единствениот канал на доток на гас од Русија.

„Поточно, со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други земји. Ова значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи и диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна“, наведе тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки