26 Ноември, 2024
0.0275

Ковачевски: Верувам дека со позитивен дух и енергија, со напорна работа, нема недостижна цел

Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Ако 2023 година беше година на нови можности, очекувам 2024 да биде година на остварување на европерспективите, година во која сите заедно ќе работиме на исполнување на европската агенда, на исполнување на нашата втора, долгоочекувана цел по нашето членство во НАТО, а тоа е зачленувањето во ЕУ, порачува премиерот Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните.

Како што наведува Ковачевски, во новата година влегуваме со нови можности и нови планови за уште поголеми достигнувања. 

- Граѓаните се пред сè и над сè! И во новата година ќе продолжиме да работиме напорно за уште повисоки плати и пензии, продолжуваме со поддршка на учениците, студентите, пензионерите, најранливите, но и бизнис секторот. Нема да дозволиме никој да биде оставен сам да се справува со предизвиците, истакнува премиерот. 

Тој во честитката се осврна на постигнувањата во минатата година.

- Годината што измина ќе ја паметиме по многу предизвици кои одговорно и посветено ги претворивме во нови можности. Треба да сме горди што заедно успеавме да постигнеме многу за сите. Ги задржавме работните места и создадовме нови, овозможивме историски раст на платите и пензиите, помогнавме на земјоделците. Со сет антикризни мерки успеавме да го заштитиме животниот стандард и ја одржавме економијата стабилна, посочува Ковачевски.

Премиерот упатува и пораки за заедништво.

- Верувам дека старите предизвици се патоказ за нови успеси. Верувам дека можеме, знаеме и умееме! Верувам дека со позитивен дух и енергија, со напорна работа, нема недостижна цел. Сите можеме повеќе и подобро! Да обезбедиме подобар живот за сите и секаде. Младите да ги задржиме тука во родната земја. Тие се движечката сила на нашето општество!, порача во новогодишната честитка премиерот Ковачевски, посакувајќи им на граѓаните спокојни новогодишни празници и пријатни мигови со најблиските, многу здравје, среќа и успех во новата година.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје