Ковачевски за најновиот предлог на Петков: Можеме да го зголемиме капацитетот на актуелните институции
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2022 11:30
По последното нарање на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој вчера рече дека очекува во најскоро време во македонската влада да се формира установа за заштита на правата на Бугарите, претседателот на македонската влада Димитар Ковачевски денеска со одговор дека вои Македонија постојат такви институции и дека може да се зголеми дополнително нивниот капацитет.
- Ние сме држава која го има поставено прашањето на правата на помалите етнички заендици на високо ниво и единствената во Европа која има министерство за помалите етнички заедници, од корисење на јазици до еднаков пристап на вработувања во јавниот сектор, преку институции, програми, а тука е и канцеларија на омбудсманпт која се користи за правата на сите граѓани. Капацитетот на интитуциите може да биде во секое време зголемен, тоа го предвидува и нашиот Устав, каде се вели дека секој граѓанин има право на личен и професионален развој, рече денеска Ковачевски пред медиумите.
Вчера Петков побара посебна институција наменета единствено за правата на Бугарите како последен од низата предлози кои во последно време доаѓаат од Бугарија.
„Сите Бугари знаат дека Македонија на долг рок мора да биде дел Европската унија. И сите Бугари знаат дека правата на Бугарите во Македонија мора да бидат заштитени. Поентата е да се ослободиме од оваа политичка реторика и да работиме. Очекувам дека во најскоро време Северна Македонија да направи некаква институција во склоп на нивната влада за правата на Бугарите“, рече Петков.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




