18 Декември, 2025
0.0392

Ковачевски за снимката со Талат Џефери: Не се гледа кој зборува и со кого

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2022 12:32

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски не сака да го осуди говорот на собранискиот спикер Талат Џафери од снимката направена на пленарна седница во Собранието. Претседателот на Владата вели дека недостигаат детали.

- Таа снимка ја погледнав, но не се гледа со кого се разговара, ниту кој разговара. Не можам да дадам коментар, бидејќи нема конкретно кој зборува и со кој зборува, одговори Ковачевски на настан во Велес запрашан од медиумите да даде коментар за овој инцидент.

Аудиоснимката покажа скандалозен однос на спикерот Талат Џафери кон вработени во Собранието. 

„Непријатно сме изненадени од примитивизмот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги навредува и со најпогрдни пцовки ги малтретира вработените во Собранието“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ во однос на аудиоснимка од настанот објавена од партијата.

На снимката се слуша како тој пцуе. Снимката можете да ја чуете овде

Од Кабинетот на Џафери денеска рекле дека тој нема да дава никаква изјаваза новинарите во врска со вчерашниот инцидент.

За вулгарностите и високиот тон со кој тој им се обраќа на собраниските службеници вели дека одговорноста е на тие што не го исклучиле тонот и не ја прекинале снимката. 

Снимката која се појави на социјалните мрежи е извадок од преносот на седницата на Собранискиот канал на МРТВ, а според коментарите на објавите, таа е направена по завршувањето на седницата. Собранискиот спикер веројатно не знаел дека микрофоните и натаму се вклучени и дека преносот сѐ уште трае.



Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми