Ковачевски: Зборувањето за историја е уцена, а не гледам осуда и од другите членки на ЕУ
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2022 10:58
Премиерот Димитар Ковачевски на Самитот Македонија 2025 рече дека Македонија и Албанија како земји-членки на иницијативата „Отворен Балкан“ се заложници на политиката на Бугарија за блкокирање на евроинтеграцијата. Според Ковачевски, иницијативата на Македонија, Србија и Албанија ќе донесе зголемување на поединечниот бруто домашен производ кај трите земји.
- Иницијативата „Отворен Балкан“ е произлезена од трите држави како практична имплементација на четирите слободи на проток на стока, услуги, капитал и луѓе. По сите основи на економската логика, иницијативата е позитивна - креира поголем пазар на капитал и економија на обем. На почетокот на јуни на следната средба во Охрид ќе го видиме и премиерот на Црна Гора. Нормално дека ова не претставува замена за нашата евроинтеграција, меѓутоа нашата интеграција, и таа на Албанија, е заложник на Бугарија и сведена е на зборувањето за историја, што практично гледам дека сите земји од ЕУ гледам дека го оправдуваат. Зборувањето за нешто што се случило пред 150 години а не за ветувања е класична уцена и не носи никаков бенефот. Затоа сметам дека зборувањето за теми кои ја засегаат иднината на државата, сегашната економија, треба да се водат сите разговори, рече Ковачевски на панел-дискусијата.
Според премиерот, иницијативата веќе донела олеснување на сите нетарифни процедури на граничните премини, додека српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека на 7-8 јуни по следната средба во Охрид ќе се работи на воведување на единствен број за граѓаните на земјите-членки на „Отворен Балкан“ заради прекуграничните работни ангажмани.
Можеби ќе ве интересира
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција




