КОВИД -19: Бројот на активни во Македонија се искачи над 22.000
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Април, 2021
Бројот на активни случаи на коронавирусот во Македонија се искачи над 22.000.
Точниот број е 22.164 активни. Скопје има 10.830 активни, а најмалку има во Македонска Каменица, 14 случаи. Прилеп, Куманово и Битола имаат повеќе од 1.000 случаи. 853случаи има во Охрид, а во Кавадарци има 721. Oд помалите градови, Дојран има 16, а Пехчево 26 активни. Во Кратово исто така има 26. Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 655.924 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.