Ковид-19: Бугарија го укинува карантинот за граѓани од девет европски држави
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Јуни, 2020
Бугарија ги укинува барањата за карантин за пристигнувања од девет европски држави, објави sofiaglobe.
На 17 јуни, бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев рече дека заклучно со следниот ден, се укинува условот за 14-дневен задолжителна карантин за оние кои пристигнуваат од девет европски држави.
Деветте држави се Шпанија, Исланд, Норвешка, Швајцарија, Лихтенштајн, Сан Марино, Андора, Монако и градот Ватикан.
Истата наредба им овозможува на сите кои имаат дозвола за престој во земја членка на Европската унија, Велика Британија или во шенген-земја (вклучително и Република Сан Марино, кнежеството Андора, кнежеството Монако и Ватикан) и членовите на нивните семејства да влезат на територијата на Република Бугарија, соопшти Министерството за здравство. Тие ќе бидат предмет на 14-дневно барање за карантин.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.