27 Ноември, 2024
0.4479

КОВИД-ЦЕНТРИТЕ ПРЕПОЛНИ: И Институтот за туберкулоза се пренаменува за болните од корона вирусот?

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

По пренамена на Институтот за белодробни заболувања кај децта „Козле“ во Ковид-центар и за деца и за возрасни, здравствените власти прават дополнителни планови за отворање на уште еден Ковид-центар, а тоа е Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ во Клиниките „Мајка Тереза“.

Во понеделникот на состанокот на Комисијата за заразни болести бил повикан директорот на оваа институција, пулмологот од Струга д-р. Арбен Лјабеништа, со кој било разговарано за можностите Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ да биде пренаменет за потребите на болните од корона вирусот.

- Во тој институт има 40 болнички легла и реално може да биде пренаменет во Ковид-центар пред се и заради тоа што имаат можности за кислородна поддршка. Но, за сега ова се само планови. Сметаме дека треба да се изгради многу добра стратегија во целиот тој процес, бидејќи во ниту еден момент не смееме да ги оставиме туку така болните од туберколоза. Тоа се пациенти на кои им се потреби исто така посебни услови и одлична болничка нега, велат за Фактор од Комисијата за заразни болести.

И дел од вработените во Институтот за ТБЦ за Фактор потврдија дека им се најавуваат извесни промени. Сепак, како што информираат, за сега условите не се најидеални за хоспитализација на болни од Ковид-19, потенцирајќи дека таму нема одделение за интензивна нега, тоа што всушност ф најпотребно за нив.

Освен тоа, појаснуваат дека никако не би смеело пациентите со тубеколоза да имаат каков било контакт со болните од корона вирусот.

-Ваков коморбидитет би можел да биде фатален за пациентите доколку  се заразат и со корона вирусот. Кај нас има голем број на пациенти со ТБЦ кои во моментов се хоспитализирани и кои мора да добиваат болничка нега заради сериозната состојба во која се наоѓаат. За среќа немаме хоспитализирани со ХОББ, односно со хронична опструктивна белодробна болест, бидејќи овие пациенти седат дома. Пред да се пренамени Институтот за белодробни заболувања, мора сериозно да се размисли за болните од туберкулоза, каде да бидат сместени и како понатаму. И туберкулозата е тешка пренослива болест, поради што стратегијата, планирањето мора да биде направено до последни детали, велат соговорниците на Фактор, вработени во Институтот за белодробни заболувања во Клиники „Мајка Тереза“.

Инаку, здравствените власти појаснуваат дека отворањето на уште еден Ковид-центар би бил олеснување за останатите кои во моментов се преполни.

ОД ГОБ „8 Септември“ веќе почнаа дел од пациентите да ги трансферираат во Ковид-центарот „Козле“, а исто така се пренесени и пациенти од Инфективната клиника, па така во овој најнов скопски Ковид-центар веќе има 11 пациенти.  

Иако првично беше речено дека таму ќе бидат хоспитализирани оние граѓани кои имаат потреба од болнички прием, но само со лесна клиничка слика, директорот на болницата, д-р. Ангелчо Андоновски за Фактор информира дека пациентите се во малку потешка состојба.

- Во „Козле“ веќе имаме 11 пациенти. Тие се префрлени кај нас од ГОБ „8 Септември“ и до Клиниката за инфективни болести, односно четворица се од болницата „8 Септември“, а останатите од Инфективната клиника. Пациентите се на возраст од 46 до 83 годишна возраст, вели д-р. Андоновски.

Од Клиниката за инфективни болести информираат дека пациентите кои од кај нив се префрлени во Ковид-центарот „Козле“ се од монтажната клиника која во моментов е испразнета за да се направи систем за централен кислород.

-Монтажната клиника е целосно испразнета, денеска се дорасчисти бидејќи во наредните три дена тука ќе се прави инсталација за довод на централен кислород. Инаку, пациентите кои префрлени во „Козле“, практилно отткука заминаа на нозе. Сепак мора уште малку мора да останат на болничко лекување зошто се уште се на антибиотска терапија, потврди за Фактор директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р. Милена Стевановиќ.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел