25 Ноември, 2024
0.0322

Ковид-пасошите не смеат да дискриминираат, вели Сијарто

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 16 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Ковид-пасошите не смеат да дискриминираат, треба да се почитуваат сите вакцини, вели унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Тој потврди дека Унгарија се спротивставува на ставот на ЕУ дека треба да бидат прифатливи само вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). 

Вели дека ковид-пасошите треба да ги почитуваат сите вакцини, вклучително и оние одобрени на национално ниво. Сијарто истакна дека постојат два начина на одобрување на вакцините за употреба во ЕУ - едниот е дозвола од ЕМА, а другиот е дека, во ситуација како што е пандемија, вакцината е одобрена од национален регулатор и дека во тој контекст луѓето не можат да бидат дискриминирани со ковид- пасоши.

Европската комисија објави дека во среда, 17 март, ќе претстави законодавен предлог за дигитални зелени пасоши, што граѓаните на ЕУ ќе можат да ги користат за да докажат дека имаат негативен тест, да имаат докази за присуство на антитела или дека биле вакцинирани со една од вакцините одобрени од Европската агенција за лекови.

Овој предлог на Комисијата ќе треба да биде потврден од Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ, а идејата е да се направи функционален на територијата на ЕУ пред празниците. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

АЛБАНИЈА: Изборниот материјал ќе биде и на македонски јазик

АЛБАНИЈА: Изборниот материјал ќе биде и на македонски јазик

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди

„ДВА ПАТИ БЕШЕ НА РЕАНИМАЦИЈА, ТРЕТИОТ ПАТ НЕ УСПЕА, ГО УБИ СТРЕСОТ“, ДАЧИЌ НИЗ СОЛЗИ РАСКАЖА: Палма ми беше како брат

„ДВА ПАТИ БЕШЕ НА РЕАНИМАЦИЈА, ТРЕТИОТ ПАТ НЕ УСПЕА, ГО УБИ СТРЕСОТ“, ДАЧИЌ НИЗ СОЛЗИ РАСКАЖА: Палма ми беше како брат

ПРИТВОРЕНИОТ ГОРАН ВЕСИЌ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД: Не кажува зошто гладува

ПРИТВОРЕНИОТ ГОРАН ВЕСИЌ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД: Не кажува зошто гладува

ПОЧИНА КОНТРОВЕРЗНИОТ ДРАГАН МАРКОВИЌ ПАЛМА, БИЛ СОРАБОТНИК НА АРКАН: Српскиот политичар го тресеа бројни афери

ПОЧИНА КОНТРОВЕРЗНИОТ ДРАГАН МАРКОВИЌ ПАЛМА, БИЛ СОРАБОТНИК НА АРКАН: Српскиот политичар го тресеа бројни афери