КРАДЦИ ИМ ВЛЕГЛЕ ДОМА, ПА ИМ ОСТАВИЛЕ ПОРАКА: „Гледаме дека и вие немате ништо“, цела Италија во шок од текстот на крадците
Објавено во: Свет 30 Август, 2023
Крадците кои провалиле во куќа во Порденоне, Италија не биле баш среќни, па оставиле белешка за сопственикот на куќата.
"Жал ни е, немаме пари и мора да јадеме. Но гледаме дека и вие немате ништо. Што да се прави, трпение...", напишале на хартијата и излегле од куќата. речиси со празни раце.
Сепак, тие ја искористиле можноста да ги одземат кафематот и фритезата. Бидејќи во пораката имало повеќе граматички грешки, полицијата смета дека станува збор за луѓе кои не зборуваат добро италијански или можеби на овој начин се обиделе да ги доведат во заблуда истражителите, пишуваат италијанските медиуми.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.