07 Октомври, 2024
0.0382

Крајот на К15 и ерозија на синдикатот!

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Крајот на К15 веројатно и дефинитивно го означува крајот на синдикалното движење во Македонија. Велат најтешко е да ускратиш право што е веќе преземено, но тоа очигледно не е е случај во нашата земја. Работниците по само една година на примена, останаа без к15, а на синдикатот, односно на неговиот лидер Митревски очигледно око не му трепнува. Синдикатот и Организацијата на работодавачи во текот на неделава треба да ги договорат критериумите од кои ќе зависи дали одредена фирма ќе треба да исплати регрес за годишен одмор и колкава ќе биде неговата висина, но со самото тоа што почнаа разговорите за к15, јасно е дека тоа ќе се сведе на крајот по грбот на работниците. Навистина ваквиот договор ги разбуди другите синдикални движења, но нема фајде за работниците, кога тие не се доволно репрезентативни. И така наместо сите работници да земаат к15, што ќе рече и оние од јавниот сектор, сега без к15 остануваат и оние од приватниот сектор. Од Граѓанските движења велат дека секое изнаоѓање на модалитети значи и прекинување на исплатата на регресот К15. Од Левичарското движење “Солидарност” го повикаа Митревски да не става потпис на едно такво решение. -Не смее да се дозволи и понатаму да се заштедува на сметка на работниците и треба работодавачите ако имаат одреден проблем со финансиското работење да побараат од државата да нема  инспекции по најмала можна основа кај оние фирми кои имаат сериозен проблем во работењето. Не сметаме дека исплатата на К15 за работодавачите е некое големо оптоварување и го повикуваме претседателот на ССМ Живко Митревски да не става потпис со кој ќе го отстрани правото на работниците да примаат К15, се зависи од него, а не од работодавачите, Митревски треба конечно да има разбирање и за животниот стандард на работниците а не постојано да има разбирање за рентабилноста на функционирање на работдавачите и за Влдата. Ако се спушти обврската за К15 од општ колективен договор на посебен колективен договор на ниво на гранка тоа ќе значи дека работовачите ќе немаат обврска да исплаќаат. Во Македонија работниците се доведени до питачки стап и штом еден работодавач нема обврска да го исплаќа тој обично и не ја прави таа обврска бидејќи не очекува дека работниците ќе го притиснат да тоа го направи, така што тоа практично ќе значи укинување на исплатата а не промена на одреден модатилет, вели Здравко Савески, од Левичарското движење “Солидарност”.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип